Лавров: Русија и Србија продолжуваат да работат на Јужен тек

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, потврди дека Русија и Србија продолжуваат да работат на гасоводот Јужен тек. Лавров изјави дека овој проект е единствена гаранција за гасоводната сигурност на југоисточна Европа.

Гасоводот треба да ја заобиколи Украина, но Европската Унија смета дека продолжувањето на градежните работи на гасоводот претставува кршење на санкциите против Русија.

Русија на 16-ти јуни ги затвори вентилите за плин за Украина, поради долгот кој Киев го има кон Москва. Руски „Гаспром“ ја удвои цената на гасот за Украина по менувањето на претседателот Виктор Јанукович.