Лавров: САД и НАТО се учесници во војната во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во четвртокот дека САД и НАТО се непосредни учесници на војната во Украина поради огромното количество вооружување, обуките и испраќањето инструктори и војници како помош за Киев, потсетувајќи и на обуката на украинските војници на нивните територии.

На прес-конференција Лавров рече дека Вашингтон и Северноатлантскиот сојуз се вклучени во војната, бидејќи ја снабдуваат Украина со оружја и пружаат воена обука на своите територии.

„Не зборувајте дека САД и НАТО не учествуваат во оваа војна, во директно учествувате. Вклучително не само со испорака на оружје и обука на војниците, ви ги обучувате украинските војници на својата територија“, одговори на новинарско прашање шефот на руската дипломатија.

Лавров притоа го повтори рускиот став дека САД претставуваат егзистенцијална закана за Русија од територијата на Украина.

Рече дека Западот имал вистинска можност да ја избегне војната во Украина, но решил да ги отфрли руските предлози од крајот на минатата година за потпишување безбедносен договор кој ќе ја гарантира безбедноста и интегритетот на Русија со запирањето на ширењето на НАТО кон руските градници и договарањето специјален безбедносен статус за Украина.

Вашингтон и Брисел во декември 2021 година речиси воопшто не посветија внимание на предлогот на Москва, и рече дека тие наводно биле „нереални и неискрени“.

Лавров на новинарите им одговори и дека Русија е подготвена да сослуша, доколку некој сака да преговара за ситуацијата околу Украина. Истакна дека Москва пред оваа војна „долги долги години ги предупредуваше сите“,.

Нагласи притоа дека се апсурдни украинските тврдења дека Русија сака преговори за да добие во време за прегрупирање на своите сили и да ги обнови своите вооружени сили.

Лавров како „нехристијански“ и „тешко разбирливи“ ги карактеризираше и изјавите на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск за Украина.

Папата Франциск, имено, во интервју за списанието Jesuit magazine America ја спомена „руската свирепост“ во Украина и посочи дека „Русија е таа којашто ја изврши инвазијата. Тоа е јасно“. Исто така, рече дека „меѓу најсвирепите руски војници“ се припадниците на етничките малцинства од Русија кои се борат во Украина, посочувајќи ги Чеченците.

„Папата Франциск имаше изјави целосно неразбирливи, апсолутно нехристијански“, оцени рускиот министер за надворешни работи.

Лавров го обвини НАТО за разгорување на тензиите во близина на Кина, на начин на кој тоа претставува безбедносна закана и за Русија.

„Јужното Кинеско Море сега станува еден од оние региони во кои НАТО не е несклон на, како што некогаш беше и во Украина, ескалација на тензиите. Знаеме дека Кина сериозно ги сфаќа таквите провокации, да не ги споменуваме Тајван и Тајванскиот теснец, и сметаме дека играњето на НАТО со оган во овие региони носи закани и ризици и за Русија“, рече Лавров.

Поради тоа, продолжи шефот на руската дипломатија, Москва развива воена соработка со Пекинг и спроведуваат заеднички воени маневри.

„Фактот дека членките на НАТО, предводени од САД, се обидуваат таму да создадат експлозивна ситуација, сите добро ја сфаќаат“, рече Лавров обвинувајќи ја притоа Алијанската дека се обидува да ја вовлече Индија во, како што рече, „антируски и антикинески сојуз“.

Лавров, исто така, рече дека во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) се наталожиле проблеми, обвинувајќи го Западот дека по крајот на блоковската идеолошка Студена војна од 1990-те ја отфрлил можноста да стане вистински мост на Европа кон Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.