Лавров: Санкциите на САД претставуваат безобразно и цинично мешање во водењето на европски бизнис

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека санкциите на САД против гасоводот Северен поток 2 претставува безобразно и цинично мешање во водењето на европски бизнис.

Изградбата на гасоводот е при крај затоа и се интензивираа напорите на противникот за осуетување на проектот. Вклучувањето на санкции во американскиот закон за одбрана за 2020 година е безобразен и циничен потег на мешање во европските работи, посочи Лавров.

Тој додаде дека одредени американски сенатори испратиле директни закани до првите луѓе на компаниите вклучени во гасоводот Северен поток 2.

Лавров изрази уверување дека гасоводот и покрај санкциите ќе биде изграден, како и дека единствена причина поради што САД воведоа санкции е Европа да продава сопствен гас.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на 21 декември потпиша воен буџет во износ од 738 милијарди долари, при што се вклучени и санкциите против гасоводот Северен поток 2 и воената помош за Украина.

Компанијата „Олзис“ ја стопира работата, додека експертите истакнаа дека „Газпром“ самостојно ќе ги заврши работите на гасоводот со помош на бродовите „Фортуна“ и „Академик Черски“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.