Лавров: Ситуацијата во Белорусија се дестабилизира од Украина

Русија поседува потврда на податоците дека актовностите за дестабилизација на Белорусија се водат од територијата на Украина, и оти 200 обучени екстремисти украински екстремисти се подготвуваат протестите во Минск против претедателот Александр Лукашенко да ги разгорат во безредија и немири.

„Има потврдени информации дека ваквите актовности се изведуваат од територијата на Украина. Таму се и ‘трозабецот на Степан Бандера’ и ‘С14’, Националниот корпус и Десниот сектор. Сите овие структури се активни вкучени во предизвикување радикални активности во Минск и другите градови во Белорусија“, изјави Лавров на заедничката прес-конференција со својот белоруски колега Владимир Макеј именувајќи ги радикалните националистички украински организации познати по децениското антируско дејствување и учество на некои од нив во чеченската војна на страна на исламистичките екстремисти.

„Во Украина има кампови за обука на ваквите екстремисти. Според нашите податоци, во Волинската област, во Днепропетровскиот регион… Нашите процени говорат за околу 200 екстремисти, обучени на украинска територија, кои сега се наоѓаат во Белорусија“, додаде Лавров.

Во Белорусија од 9-ти август се одржуваат најмасовните протести против претседателот Александр Лукашенко, бидејќи опозицијата не ги признава резултатите од изборите на кои тој доби уште еден мандат си освоени 80 отсто од гласовите. Во првите денови протестите ги карактеризираа покрај масовноста и брутални судири со полицијата, во коишто според извештаите имало и три жртви и стотици повредени од двете страни.

По една седмица, и ослободувањето на речиси сите од 6.7000 затворени во текот на претходните протести, демонстрациите станаа помирни но не изгубија на масовноста, а беа организирани и масовни контрамитинзи на приврзаниците на Лукашенко кој постојано тврди дека ситуацијата во Белорусија се радикализира по инструкции од странство. Изминатиот викенд, повторно имаше приведувања на опозициски активисти, а на стотина странски новинари, вклучително и руски, им беа повлечени новинарските акредитации.