Лавров: Транспортот на сириското хемиско оружје се спроведува успешно

Процесот на транспортирање на сириското хемиско оружје се спроведува успешно, изјавил министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров по преговорите со сирискиот колега Валид Муалем, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Русија активно учествува во ова, обезбедува финансиски средства, потребната опрема, превозни средства, како и преку учеството во воспоставувањето на морските компоненти од операцијата, од страна на руската военопоморска флота“, истакнал Лавров.

Мнистерот додал дека Москва и Дамаск ја потврдиле својата намера да ги испочитуваат индикативниот рокови за исполнување на задачата при воспоставување на сите потребни мерки за безбедност.

„И покрај обидите да се отежни спроведувањето на операцијата за отстранување на хемиското оружје од Сирија, таа како целина се одвива успешно “ рекол рускиот министер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.