Русија е загрижена од се поголемите напори на НАТО и Европската Унија да го „развијат“ Балканот, бидејќи тоа води до појава на нови линии на разделба и дестабилизација на Европа, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за грчкиот весник Ефимерида.
„Состојбата на Балканот предизвикува немир. Гледаме дека НАТО и ЕУ ги засилуваат напорите за „развој“ на регионот, а земјите се приморани да направат лажен избор: или со Москва или со Вашингтон и Брисел. Ова доведува до дестабилизација на Европа и зголемување на тензиите“, додаде Лавров.
Има жестоко и системско мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија, а секојдневно граѓаните на земјата беа повикувани да гласаат на референдумот на 30 септември, за преименување на балканската држава и имплементирање на Договорот од Преспа. Референдумот, како што знаеме, не успеа, кажа рускиот шеф на дипломатија.
Според него, во Собранието на Македонија, уставните измени биле започнати, со вршење притисок и поткупување на пратеници од опозицијата, а странски дипломати, вклучително и на САД, зеле директно учество во овој процес.
„САД и сега настојуваат да ја финализираат Спогодбата. Треба да се потенцира, дека брзината на процесот соодветствува на желбата на Вашингтон за насилно внесување на Македонија во НАТО. Гласините дека ќе биде забрзана интеграцијата во Европската Унија, не подлежат на критики, иако процесот на присоединување на Македонија во Унијата може да траат и повеќе од една декада“, заклучи Лавров.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.