Лавров во Белград на 6 и 7 јуни, потврди Марија Захарова

Рускиот министер за надворешни работи Сергиј Лавров ќе ја посети Србија на 6 и 7 јуни.

Веста ја пренесоа српските медиумите, повикувајќи се на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Лавров ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, со колегата министер за надворешни работи Никола Селаковиќ, со претседателот на Парламентот Ивица Дачиќ и со српскиот православен патријарх Порфирије.

Темите на агендата се билатералната соработка меѓу Москва и Белград, ситуацијата на Балканот и главните прашања од меѓународните односи.