Лавров во посета на Северна Кореја пред средбата Трамп- Ким

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров планира посета на Северна Кореја, јавуваат денеска руските агенции повикувајчи се на портпаролката на руското министерство за надворешни работи.

Портпаролката наведе дека датумот на посетата допрво треба да се одреди, но претходно порталот РБЦ објави дека Лавров ќе ја посети Северна Кореја на 31 мај.

Тоа значи дека Лавров ќе го посети Пјонгјанг пред предлоќениот самит во Сингапур меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, констатира Ројтерс.

Трамп денеска изјави дека идната недела со сигурност ќе може да каже дали самитот со Ким ќе биде одржан, а претходно рече дека ќе се сретнат на 12 јуни во Сингапур.

Русија важи за сојузник на Северна Кореја, но ги подржа санкциите на ОН против севернокорејската нуклеарна програма.
Лавров минатиот месец го прифати повикот да ја посети Северна Кореја, потсетува Ројтерс.