Лавров за првиот човек на НАТО: Столтенберг одамна го загуби контактот со реалноста

NATO Secretary General Jens Stoltenberg and Sergey Lavrov, Minister of Foreign Affairs of the Russian Federation

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг одамна загубил контакт со реалноста и неговите изјави не можат да се сфатат сериозно, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, коментирајќи ја вчерашната изјава на норвешкиот дипломат за можното зголемување на военото присуство на Алијансата на нејзиното источно крило, пренесе БГНЕС.

-Видете, јас одамна веќе не обрнувам внимание на неговите изјави. Според мене, тој одамна го загубил контактот со реалноста, рече Лавров.

НАТО во понеделникот соопшти дека земјите-членки ги подготвуваат своите сили и „испраќаат дополнителни бродови и борци во Источна Европа за да го зајакнат сојузничкото одвраќање и одбрана додека Русија продолжува да ја зголемува својата воена моќ во и околу Украина“.

Столтенберг вчера кажа дека распоредувањето на нови сили на Алијансата во Источна Европа „не ја загрозува Русија“ и не го попречува дијалогот со неа, пренесе БГНЕС.