Лазански: Тешко мултиетничка Македонија кога чукаат воените тапани на екстремните Албанци

Дали последните војни на Балканот ги предизвикаа политичари кои ги лажеа новинарите, а потоа поверуваа во она што ќе го прочитаат во весниците? Или дали балканските народи, всушност се заслужуваат едни со други?, пишива политичкиот аналитичар Мирослав Лазански во својата последна колумна за Политика.рс.

Неделникот „Њујорк Обзервер“, чиј сопственик е Џеред Кушнер, зет и советник на Доналд Трамп, предлага исцртување на нови граници на Балканот. „Хрватска и Србија да ја поделат Босана и Херцеговина, да му се дозволи на Косово да се соедини со Албнија, Србија би требало да го добие северот на Косово, а Косово Прешевска долина, со тоа што српските манастири би добиле екстериторијалност и би биле ставени под заштита на ОН. Западот мора да ги исправи своите грешки во југоситочна Европа, пред тоа да го стори Русија“, го цитира Лазнски „Обзервер“ во својата колумна.

Колку е ова само напис во весник, а колку еден начин на опипување на пулсот на балканските политичари, како и јавноста, во овој момент е тешко да се заклучи. Можеби некои луѓе во САД конечно ги сфатија пораките од војната во Виетнам – никогаш да не се мешаат во туѓа граѓанска пресметка. Можеби некои луѓе во Вашингтон конечно заклучија дека е време да престанат да лажат, но и да си веруваат на своите лаги. Реалноста е дека Србите и Албанците на Косово толку многу се мразат и илузија е дека можат среќно да живеат во било која врста на мултиетничка заедница. Живеат едни до други на работ на експлозија. Косово не е место каде што може да се експериментира со мултикултура. Да се говори за стабилно, мултиетничко Косово е како да се зборува за „топол лед“ или за „сува вода“. Со признавањето на независноста на Косово од страна на Западот, сега имаме две Албании, првобитната и новата Албанија на Косово. Иако Албанците не покажаа способност за управување на една, а камо ли на две држави.

ml

Кога е Босна и Херцеговина во прашање, политички таа не постои, постојат само партии и таму политиката е виртуелна забава. Во БиХ владеат странци со полуколонијални привилегии. Под таа доминација е неспособната политичка елита која нема ниту власт во БиХ. Всушност никој нема визија за Босна и Херцеговина, Србите и Хрватите не сакаат да се вратат во унитарна БиХ, а Бошњаците пак сакаат зачувување на нејзината унитарност.

И конечно, Македонија, може ли таа да остане мултиетничка покрај вакво Косово? Дали е Македонија држава или нација? На „македонското прашање“ секој на Балканот има свој одговор. Србите ги сметаат за едно, Бугарите за друго, Грците веќе подолго време ги блокираат, а Албанија пак се гледа себеси како заштитник на сите Албанци на Балканот. Србија ја призна Македонија и македонската нација, Бугарија ја признаа само државата, но не и нацијата, а Грците пак ја признаа под името „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

Најновите случувања во Македонија покажуваат дека одржувањето на мултиетничката држава е многу тешко во услови кога чукаат воените тапани на екстремните Албанци, главно косовски доселеници. Сега се погласно преку истите тапани се споменува кантонизација на Македонија. А тоа е само првата фаза во поделбата на оваа земја.

Всушност Македонија доцна стигна на историската сцена, а поради тоа денес е загрозена и од внатре и од надвор. За македонската држава името и историската симболика која таа ја носи и е единствена шанса. Македонците не смеат да си дозволат ни најмала отстапка кога е во прашање нивната држава, изгледот на знамето и химната. Без тоа немаат идентитет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.