Лазаров би се вратил да игра во татковината, но бара клуб со големи амбиции

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров во изјава за естрадниот магазин „Бекстејџ“ изјави дека не би имал ништо против повторно да се врати во Македонија и да игра за некој наш клуб.

Сепак, има еден услов за кам-бек во македонскиот клупски ракомет, а тоа е клубот да има големи амбиции.

„Ја почнав кариерата во Овче Поле, па потоа играв една година во Борец, во тинејџерските години бев во Пелистер и сите некако мислеа дека сум од Битола, бидејќи поголемиот дел од кариерата во Македонија ја минв во овој град. Со задоволство би играл за некој македонски клуб. Доколку се работи за добар и амбициозен спортски проект, без разлика за кој клуб се работи. Се поистоветувам со успесите на македонските клубови, посебно на Вардар и Еурофарм Пелистер и горд сум на сите нивни успеси“, изјави капитенот на македонската репрезентација.

Првото интернационално искуство Лазаров го имаше во Загреб, па потоа премина во Веспрем или тогашен Фотекс. Седум години играше во Шпанија за тимовите на Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона, а од 2017 година е дел од француски Нант.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.