Лазаров: Ќе ја вратиме Македонија во топ 10 реформатори во рамките на „Дуинг Бизнис“

Вчера во емисијата „Економски магазин“ гостуваше Дарко Лазаров, претседател на Комисија за економија при ВМРО-ДПМНЕ при што посочи дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ, „Обнова за Македонија“ е составена од има 4 фундаменти односно столбови, и тоа се ефикасна држава и силни институции, конкурентен приватен сектор, интегрирана безбедна и стабилна земја, и подобри услови за сите граѓани.

-ВМРО-ДПМНЕ во својата програма „Обнова на Македонија“ има 4 фундаменти односно столбови, и тоа се ефикасна држава и силни институции, конкурентен приватен сектор, интегрирана безбедна и стабилна земја, и подобри услови за сите граѓани. Во делот на економијата посебен фокус е ставен на првите два столба и тоа на ефикасна држава и силни институции, во рамките на тој столб има неколку клучни сегменти и тоа се ефикасни јавни финансии. Кога зборуваме за ефикасни јавни финансии пред се мислиме на преструктурирање на буџетот односно спроведување на сериозни структурни реформи кои што практично ќе бидат во насока од пренасочување на средствата во буџетот за непродуктивни цели како што видовме во изминативе три години, кон капитални инвестиции кои ќе значат одадена вредност за економијата и кои ќе значат подобар квалитет на живот на македонските граѓани, истакна Лазаров.

Лазаров додаде дека во рамките на прв столб практично се и неколку други сегменти кои се однесуваат на дигитализација и професионализација на јавната администрација со цел обезбедување јавниот сектор да биде вистински сервис на приватниот сектор кој што практично и за бизнисот е главниот генератор на БДП во македонската економија.

Тука е и градењето на институционални капацитети за целосно владеење на правото односно за некомпромисна борба со корупцијата бидејќи сите знаеме дека успех на една модерна, современа, развиена економија се базира на постулатите.

-За да се има подобрување на услови во водење на бизнис, овој сегмент се остварува преку вистински партнерски однос со приватниот сектор меѓутоа и враќање на Македонија во топ 10 реформатори во рамките на „Дуинг Бизнис“. Во вториот столб во делот на градење на конкурентен приватен сектор имаме навистина сериозна програма за модерна реиндустрализација на македонската економија која што ќе овозможи преструктурирање односно пренасочување од сектори кои имаат помала додадена вредност кон сектори кои што имаат поголема додадена вредност. Меѓутоа голем и значаен фокус е во делот на градење на конкурентен приватен сектор е јакнење на извозните капацитети на македонската економија и градење на иновативен систем, порача Лазаров.