Лазаров ќе игра во Нант и наредната сезона!

31

Легендарниот македонски ракметар, а сега и селектор на репрезентацијата Кире Лазаров ќе остане активен играч и следната сезона.

Планот на Лазаров е да одигра барем уште една сезона со цел да му помогне на националниот тим и на Европското првенство во јануари 2022 година. „Лекип“ најавува дека 40-годишниот ракометар не е подготвен за пензија по завршувањето на оваа сезона.

Тој има уште што да покаже и следната сезона. Неговите соиграчи од Нант го нарекуваат „младич“, а неговите игри на теренот покажуваат дека Лазаров не е подготвен за пензија.

Нант денеска го игра реваншот со Кјелце во рамки на осминафиналето во Лигата на шампиони. Тој е дел од францускиот тим од 2017 година, кога дојде од Барселона. Засега не е јасно дали Лазаров ќе остане во Нант и следната сезона или ќе побара нов клуб каде ќе ја заврши кариерата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.