Лазаров го освои Кралскиот куп

Ракометарите на Барселона во чии редови настапува и македонскиот итернационалец Кире Лазаров, по 18-ти пат го освоија Кралскиот Куп на Шпанија. Фајнлфор турнирот се одржа во Памплона, а во финалето Барселона ја совлада екипата на Гранолерс, со 42:32 (22:17).

Во тимот на Барселона се истанаа Сармиенто со 7 голови, Лазаров 6, а Хуанин Гарсија и Нодесбо по 5 пати ја затресоа противничката мрежа. Голманите Шариќ и Робин одбранија 13 удари. Кај Грањолерс се истакнаа Перез Мартинез и Руиз Санчез, кои погодија по 5 пати.