Лазаров го скуси списокот за баражот со Чешка

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, го скрати списокот од 35 на 23 играчи со кои ќе ѝ се спротивстави на Чешка во баражот за пласман на Светското првенство.

За настап во комбинација останаа и двајца дебитанти во имињата на Дарко Кондев и Петар Атанасијевиќ, кои ќе борат за местото десно крило покрај искусниот Гоце Ојлески. На списокот го нема повредениот Цветан Кузманоски.

Лазаров ќе ја одржи првата прозивка на деветти април (сабота) во 18:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Првиот дуел се игра во Злин, Чешка на 13 април од 20:15 часот, додека реваншот е четири дена подоцна во Скопје од 19:00 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.