
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и селекторот кој воедно е и капитен на сениорскиата македонска репрезентација , Кирил Лазаров, во средата ја потврдија својата улога во новиот ракометен проект РК Алкалоид.
„Моето искуство кажува дека за да се оформи квалитетна база од млади спортисти најважно е да се работи квалитетно со младите играчи. Тоа треба да се крене на повисоко ниво. Приоритет ќе ни биде да овозможиме квалитетен стручен кадар и квалитетен тренажен процес, сѐ за доброто на македонскиот спорт и да напредуваме“, рече Лазаров.
Ракометарот на Нант демантираше дека овој проект носи конфликт на интереси, а времето ќе покаже дали работеле квалитетно.
„Чест ми е што сум дел од овој проект кој е за доброто на македонскиот ракомет. Ќе се трудиме да изградиме македонски ракометари кои во иднина ќе бидат дел од репрезентацијата. Целта е младите играчи да имаат квалитетен тренинг и квалитетна тренерска работа“, истакна Лазаров.
Главен спонзор на клубот кој ќе се потпира на млади и талентирани играчи ќе биде фармацевтската компанија Алкалоид.
„Наша цел е тимот да се натпреварува во Првата лига, бидејќи таму се кали челикот. Нашата цел е тие млади играчи вистински да ги насочиме и преку правилна работа да дојдат до вистинските спортски и животни вредности. Сакаме овие играчи да ги насочиме на вистински пат преку правилна работа со нив и соодветни услови. Тоа е и нашата цел како компанија, чии основни начела за професионален пристап во операциите, што ќе се пренесе и во овој клуб, изјави првиот човек на компанијата Алкалиод и на Ракометната федерација на Македонија“, истакна Мукаетов.
За претседател на РК Алкалоид е назначен Горан Минов, поранешен ракометар.