Лазаров: Ќе бидеме фокусирани за секој натпревар

Свое обраќање пред новинарите во вторникот на обајувањето на новиот спонзор на македонската ракометна репрезентација, Телеком, имаше и капитенот Кирил Лазаров, кој најави дека играчите се желни за натпревари и победи, како и дека на сите натпревати ќе им пријдат со иста сериозност.

„Би сакал да се заблагодарам на Телеком за успешната соработка. Уште од почетокот новиот партнер ни наметна притисок, посака ТОП-3. Сите сме желни, горди и спремни. Што се однесува до нашиот тим, јас како капитен можам да кажам дека подготвени го дочекуваме ова ЕП. Со големи репрезентации ќе се бориме, макар тоа била и Германија. Се надевам дека ќе останеме здрави и ќе нѐ послужи спортската среќа и повеќе од кога и да е обединети да направиме еден добар резултат“, изјави Лазаров.

Капитенот не се согласува дека Црна Гора е клучен меч за Македонија, туку потенцира дека сите натпревари имаат иста важност за нас. Воедно, вели и дека нашата репрезентација ги има сите предиспозиции за успех.

„Не би се согласил дека со Црна Гора е клучен меч за нас. Мора да одиме од меч во меч, прво да се фокусираме на Словенија и максимално да се мотивираме за секој дуел. Ја сакаме втората рунда, во секој натпревар ќе одиме на победа. Имаме квалитет како играчи, квалитетна федерација која дава максимални услови за нас да се подготвиме, квалитетен тренер и сите заедно треба да веруваме. Предизвик ќе биде да се игра против Германија, затоа што е шампион на ЕП. Најквалитетната селекција на ЕП; пак, е Хрватска според мене“, заврши капитенот.

Македонија го почнува ЕП во загреспка „Арена“, каде ќе се соочи со Германија, Словенија и Црна Гора. Првиот натпревар се игра на 13-ти јануари, а ривал е селекцијата на Словенија, додека втоата фаза Македонија би играла Вараждин, каде што капитенот Лазаров, како што истакна, има позитивно искуство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.