Некогашниот капитен на репрезентацијата истакна дека е негова чест што е тренер на РК Алкалоид и истакна дека вакви проекти даваат посебна гордост затоа што со работата најмладиот суперлигаш е прав пример за сите.
„По само година и пол по формирањето на ракометниот клуб Алкалоид од Скопје, чест и задоволство ми е што ја имаме оваа заедничка прилика да присуствуваме на реновираниот од корен ракометен дом Автокоманда и чест и привилегија е за клуб како нашиот да имаме свој дом. Мислам дека тоа е предуслов, основа и база за понатамошна добра и квалитетна иднина. Во изминатите години од спортски аспект сакам да кажам што се имаме сработено од спортски аспект, од што сум презадоволен. РК Алкалоид почна од првата лига и за само една година влезе во најквалитетната лига – Суперлигата.
Во меѓувреме формиравме уште еден ракометен клуб Мулти Есенс каде овозможивме на голем број македонски таленти да учествуваат во ист тренажен процес, со квалитетни услови, каде овозможуваме на таленти од Македонија квалитетно да се развиваат и да ја надополниме базата со квалитетни ракометари. Имаме и младински категории, кои се при или на врвот на табелата во македонската лига, од 2003 до 2008 годиште. Во план сме да формираме и други помали селекции, 2010 и 2012 годиште, со што покажуваме дека мислиме на македонската ракометна иднина. Чест и привилегија ми е што сум дел од овој проект и што имам можност да работам како прв ракометен тренер во РК Алкалоид од Скопје, Македонија. Мислам дека сме прав пример не само за клубовите во Македонија, туку во регионот и тоа не само во овој спорт, туку и во сите останати. Како што минува времето, треба да бидеме уште поквалитетни“, изјави Лазаров.