Лазаров: Не може да градиме економија со краткорочни ад хок политики

– Не може едноставно ние да градиме економија на среден и долг рок со краткорочни ад хок несистемски политики. Ова едноставно неколку пати сме збореле, едноставно гаснење на пожарот ако може така да се каже, меѓутоа проблемите кои што ги имаше Македонија и пред кризата нема да исчезнат и по завршување на кризата, напротив тие ќе се кумулираат. И се потешко ќе им биде на македонските компании да извезуваат, да произведуваат бидејќи ние имаме системски структурни проблеми со нашата конкурентност и мислам дека Владата навистина погреши во период 2017 и 2019 година кога во услови на позитивни светски текови не влезе во тие суштински храбри политики во делот на преструктурирање на економија, истакна Дарко Лазаров, претседател на Комисија за економија при ВМРО-ДПМНЕ во Утрински брифинг.

Лазаров додаде дека одредени барања од Коморите, бизнис асоцијациите и компании беа за жал пролонгирани за 2021 година, а дел од нив ќе започнат на почетокот на 2021 и се уште не е извесно какви резултати ќе дадат во справување со самата криза. Тоа е уште една од низа грешки на владата која ги направи на економски план.

– Вчера излезе официјален податок од Народната Банка дека Македонија втор квартал по ред има нето одлив на странски директни инвестиции, од околу 5.4 милиони евра, а 9.3 беше нето одливот во вториот квартал некаде околу 15 милиони евра за два квартали, појасни Лазаров.

Лазаров посочи дека поради несоодветни мерки од страна на владата Македонија нема странски инвестиции, а постоечките си бегаат од државата. Оваа политика на владата е погубна за македонската економија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.