Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров одигра одличен натпревар со шест гола за „Нант“ во дербито против ПСЖ, но неговата екипа загуби со 34:35 во четвртото коло од Лигата на шампиони.
ПСЖ под водство на македонскиот селектор, Раул Гонзалес почна одлично и имаше водство и од шест гола разлика, но на полувремето замина со предност од 19:16. „Нант“ успеа да се врати во второто полувреме и на неколкупати стигне до еден гол негатива, но не успеа да направи пресврт и да го преземе водството. Домаќинот успеа да ја одржи својата добра игра и на крајот да триумфира.
Лазаров беше брилијантен со шест погодоци од седум шутеви, а најефикасен кај ПСЖ беше Ремили со осум постигнати гола.
ПСЖ е на врвот со четири победи по четири одиграни дуели, додека „Нант“ има само една победа и два освоени бодови.