Лазаров се пожали на болки во препоните и го пропушти синоќешниот тренинг

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров го пропушти синоќениот тренинг, пред денешниот натпревар со селкцијата на Исланд, од 16 часот. Најдобриот македонски ракометар и стрелец се пожали на болка на десната препона, по што превентивно беше ословоден од тренингот.

Оваа повреда од поодамна му создава проблеми на ракометарот на Барселона, но постои умерен оптимизам дека ќе ризикува и ќе настапи на мечот со Палмарсон, Сигурдсон и другарите. Лазаров во сезоната не пропушти ниту еден меч за Барселона, а последен пат препоната му создаваше проблеми против Шпанија на мечот во Скопје во септември. Од истата причина го пропушти и мечот во Гвадалахара четири дена подоцна. Но, како и многу пати порано, Лазаров најверојатно ќе стегне заби и ќе ја предводи Македонија против „рибарите“.