Лазаров: Се случи политичка манипулација и инженеринг со состојбата со коронавирусот во Македонија

Табелата од која се гледаат бројките како се движеле случаите до мај и како после тоа , е еден демант на целата политичка манипулација што се случи во оваа држава, изјави во Топ Тема на Телма телевизија, доктор Ненад Лазаров.

Лазаров потенцираше дека државата не беше спремнаи апсолутно немаше никаква потреба да се направи овој инженеринг додавајќи дека од оваа табела и лаик ќе види дека државата наравила грешка, а не па епидемиолог.

– Наместо да го задржиме тој тренд кој што луѓето го прифатија во тој еден период кога имавме 20-тина случаи на ден, а имавме и безмалку карантински мерки, дозволивме да потпаднеме на политичко влијание за да се случат избори кои не знам со што резултираа. За мене е неприфатливо е. Да се случат избори и да терате народ масовно да гласа, треба да не им е страв на тие луѓе. Треба да ги убедите луѓето дека е безбедно и неопходно, истакна Лазаров.

Тој додаде дека тогаш на луѓето некои политичари им викаа дека е готово како и некои лекари, а сега повторно ја враќаат реториката дека не е опасно.

– Сега во последниот период како што се случува усложнување на ситуацијата, се случи тежок нон сенс. Луѓето се збунети, едни исти ликови кои ги гледаме по телевизија дури еминентни медицинари имаше конфузни информации, а од политичари имаше изјави дека се е безбедно. Сега наеднаш почнуваме по 3 или 4 пат да менуваме реторика и на луѓето да им објаснуваме дека пак е страшна ситуацијата. Страшна е, ама долго време, нагласи Лазаров