Лазаров: Секој натпревар е важен, секоја победа е значајна, одиме на триумф и на последниот меч

Македонија со 40:25 го совлада Мароко и ја забележа втората победа на Светското првенство, па в среда против Јужна Кореја во последниот мундијалски меч ќе се бори за 27. позиција. Селекторот Кирил Лазаров вели дека сите средби се важни, а последниот е императив да се добие.

„Бевме концентрирани денес шеесетина минути, добро го анализиравме Мароко,сакам да им се заблагодарам и на моите ракометари кои беа одлични денес, посебно на голманот Томовски кој сосема заслужено беше избран за играч на натпреварот. Не очекува уште еден натпревар, за кој максимално ќе се подготвиме. Секој натпревар е важен за нас бидејќи ние сме млада репрезентација, и потребни ни се што повеќе вакви натпревари“, изјави Лазаров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.