Лазаров со Нант го елиминираа Фуксе Берлин во четвртфиналето на ЕХФ Купот

Македонскиот ракометен капитен и селектор Кире Лазаров ги остави живи амбициите за пехарот со својот Нант.

Се пласира во четврт-финалето совладувајќи го ланскиот вицешампион Фуксе Берлин и вторпат во една недела.

Нант победи со 33-30 во Берлин и само се надоврза на триумфот од 25-24 од првиот круг. Лазаров беше втор стрелец во својата екипа со пет гола од шест обиди, од него еден повеќе имаше Тео Монар.

Со ова Нант направи изненадување, на хартија, бидејќи во осминафиналето влезе како трет од групата Б, но покажа дека кога се играат големи натпревари може да совлада секого.