Лазаров: Трагично е што при приемот болницата има дискреционо право да врши избор на кандидатите и при тоа нема обврска да ја почитува ранг листата

По скандалот со вработување на доктори специјализанти во болницата во Тетово се вработуваат специјализанти според привилегии, а не според знаењето и стручноста, Ненад Лазаров, кој е дел од Асоцијација на специјализанти и млади лекари говореше за овој скандал.

Во старт само едно би сакал да потенцирам бидејќи гледам по социјалните медиуми и одредени портали со модификација на наши изјави се доби некоја нишка на етничка компонента што апсолутно во старт сакам да се оградиме и да не користат таква ситуација, појасни Лазаров.

Лазаров нагласи дека овде се работи, дека се поставени согласно закон по апсолутно прецизни критериуми при вработување на некој лекар во ова јавно здравствена установа и до овој момент е се во ред, бидејќи има разно разни полагање, на стручен дел, на англиски јазик, и се е совршено во моментот кога крајната одлука за кој доктор ќе биде вработен со дискреционо право е донесено од Комисија која е формирана од неколку члена. Без оглед на позицијата на тој кандидат на ранг листата. Со самото тоа станува безпреметно и се отвораат простори и се случуваат вакви ситуации каде што имаме голем број на незадоволни колеги. Очекуваме за сево ова надлежните се информирани и се надеваме на воведување на систем на фер плеј, со цел најдобрите кандидати да доаѓаат на позициите на кои што треба.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.