Лазаров верува во „невозможни мисии“ на светското првенство

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ја коментира ждрепката за Светското првенство кое ќе се одржи од 12-ти до 29-ти  јануари во Полска и Шведска, а во фазата по групи Макединија ќе се соочи со Норвешка, Холандија и Аргентина.

„Многу интересна и тешка група за нас. Не можам да бидам објективен, затоа што нашата репрезентација првпат ќе настапи без ракометари од калибарот на Миркуловски, Стоилов, Лазаров.. Ме загрижува и неиграњето на Вардар во Лигата на шампионите, затоа што некои од нашите репрезентативци остануваат без потребните силни натпревари во текот на сезоната и пред почетокот на Светското првенство.Не ни останува ништо, освен да почнеме да го оформуваме ликот на новата репрезентција на Македонија. Длабоко во себе верувам во невозможни мисии и работа и само така можеме да одиме напред.

За Норвешка не треба да трошиме зборови, Холандија беше хит на последното Европско првенство. Аргентина со години знаела да прави големи проблеми и на посилни репрезентации од нашата. Ќе се фокусираме на себе и нашата селекција и ќе работиме на тоа што подобро да се подготвиме за настапот на Мундијалот“, изјави Лазаров.

Македонија го отвора Светкото рП 2023 против репрезентацијата на Норвешка. Мечот е закажан на 13 јануари. Сите дуели на „црвено-жолтите“ на овој Мундијал ќе се играат од 20:30 часот.