Лазаров: Владата нерационално прави преструктуирање во економијата

Универзитетскиот професор Дарко Лазаров во емисијата 24 анализа потенцираше дека ребалансот на буџетот се прави многу рано и најчесто се прават во септември.

Владата мора да реагира на состојбите во кои се наоѓа.

-Се оди на зголемување на буџетските расходи. Буџетскиот дефицит би бил 700 милиони евра и загрижувачки е што од една страна се зголемуваат вкупните расходи  во буџетот за 260 милиони евра, а од друга страна капиталните расходи се намалуваат за 100 милиони евра што знали дека владата нерационално прави преструктуирање во економијата зошто крати од капиталните расходи кои може да ја поттикнат економијата, рече Лазаров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.