Лазаров: Владата со ребалансот на Буџетот не ги предвидела 470 милиони евра од четвртиот пакет за поддршка кон реланиот секто

Универзитетскиот професор по економија Дарко Лазаров, вечерва на 24 Анализа во Телевизија 24, истакна дека со ребалансот на буџетот не се предвидени 470-те милиони евра за мерките од четвртиот пакет до крајот на годината.

Лазаров кажа дека откако завршија изборите, многу споро се одеше кон формирањето на Владата и институциите и наместо ургентно да навлезе во сите аспекти, а има месец и половина од формирање на Владата до поднесување на ребалансот на Буџетот кој што касни.

-Реализацијата на трите пакета е релативно ниска затоа што 250 милиони беа потрошени од проектираните 550 милиони, тоа е големо отстапување, да се предвиди 550 милиони, а да реализирате 200 милиони, е доказ дека Владата немала капацитет во доволно планирање и дефиницирање или имплементирање на мерките кои ги предложила, истакна тој.

Лазаров вели дека Владата е контрадикторна, прво вели дека со ребалансот се обезбедиле средства за четвртиот пакет, а имаме буџеттски дефицит од 920 милиони евра што значи дека Македонија ќе има до крај на годината најниски издатоци за поддршка кон реалниот сектор и справување со кризата.

-За четвртиот пакет на мерки со ребалансот Владата кажа дека се издвојува 470 милиони евра за тој пакет на мерки, а ребалансот се прави до крајот на годината, а од тој пакет ќе почнат да се реализираат мерките најрано после 01.01.2021 година, што значи дека со ребалансот на Буџетот не се предвидени средства за четвртиот пакет на мерки до крајот на годината, вели Лазаров.