11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Лазаров впиша погодок во четврта различна деценија на светско првенство

Капитенот Кирил Лазаров ја отвори голгетерската серија на Светското првенство во Египет со погодок од пенал против Шведска.

Нашиот најдобар ракометар не успеа да помогне да се избегне негативата по првиот дел. Меѓутоа со неговата реализација се запиша во историските книги.

На дебито пред 22 години, исто така на египетско тло, Лазаров постигна погодок и ја започна серијата која трае цела вечност. Легендата на македонскиот спорт успеа да запише гол во четири различни декади на Мундијалите, што е подвиг со кој ретко кој би можел да се пофали.

Четирисетгодишникот беше стрелец во Египет 1999 година, во Хрватска 2009 година, во Шпанија 20213, Катар 2015, Франција 2017 и Германија и Данска во 2019 година. Овие голови против Шведска со сигурност се почеток на серија на голови на 27-от Мундијал во Египет.

Лазаров, капитен и инспиратор во составот на македонскиот национален тим, постигна пет погодоци против Шведска.

Еден од головите од пенал секако ќе биде тема на Мундијалот, своевиден „специјалитет“ на Лазаров кој вреди да се погледне.