Лазаров задоволен по убедливиот трумф над Турција

Селекторот на македонската машка ракометна репрезнтација Кире Лазаров изрази задоволство по победата во квалификациите за Европското првенство во 2024-та над Турција со 36:27.

„Искрено не очекував. Сѐ уште не сум на чисто што можам да очекувам од оваа млад и неискусна Македонија. Дефанзивно отворивме добро на чело со Митревски на голот, потпомогнат од нашата одбрана. Во целост сум задоволен и од мечот со Луксембург и денеска од Турција. Честитки за сите играчи и стручниот штаб, и сите луѓе кои помагаат да изградиме нова сериозна репрезентација“, рече Лазаров по дуелот.

Македонија тргна моќно, со цврста одбрана и ефикасен напад. Турците цели 13 минтуи не успеваа да го најдат патот до нашата мрежа, а ние во тој период отворивме со неверојатни 9:0. На крајот се покажа дека токму тоа беа минутите во кои ние го решивме прашањето на победникот.

Во продолжение македонската селекција успешно ја одржуваеше предноста со која и се заминае на полувреме (17:8), иако имаше и „плус 10“, кои беа воедно и највисоката предност во натпреварот.

Во вториот дел Лазаров имаше можност како и против Луксембург да испроба нешто ново. Се што направи Турција е да се доближи до -6 на неколку пати, сепак се забележуваше дека нашите момци го имаат под контрола натпреварот и резултатот.

Талески беше најефикасен кај нас со седум голови, Дејан Манасков постигна пет, а четири додаде Томислав Јагуриновски. Никола Митревски натпреварот го заврши седум одбрани или 50 отсто одбранети удари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.