Лазаров: Желбата и срцето нè доведоа каде што сме

-Норвешка е противник за почитување. Имаат и глава и опашка.Денес веруваме до крај, како и со Тунис. Така беше и договорот. Јас би се одморил добро два дена и заедно и пробале да направиме историја против Норвешка, се може. Желбата и срцето не доведоа каде што сме, на трето место. Им честитам на сите момци, на стручниот штаб, на Фалангата, додаде Лазаров.

Капитенот на нашата ракометна репрезентација изрази загриженост поради повредите на Миркуловски и Манасков, но се надева дека двајцата ќе бидат подготвени за дуелот со Норвешка кој Македонија ќе го одигра во сабота.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.