Лажел дека работи во „Македонски Шуми“ за да добие кредит

Струмичанец доби кривична пријава бидејќи лажел дека работи во ЈП „Македонски Шуми“ за да добие кредит.

Пријавениот во банка во Струмица при поднесување на барање за кредит во износ од 450.000 денари и барање за добивање кредитна картичка во износ од 60.000 денари во потребната документација за аплицирање приложил документи со невистинита содржина дека бил вработен во ЈП „Македонски Шуми“. Исто така, своерачно се потпишал во рубриката-раководител на правното лице, а во документот пријава-одјава и извод од текотвна сметка од друга банка за прилив на парични средства по основ на плата ги испишал своите генерални податоци.