Лажел дека е полицаец и изнудувал пари, млад штипјанец правел злоупотреби преку Фејсбук

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно претставување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Во периодот од 03.07.2023 до 08.07.2023, пријавениот на социјалната мрежа Фејсбук креирал лажни профили, злоупотребувајќи ги личните податоци и фотографии на двајца вработени во СВР Штип, при што лажно се претставувал во нивно име и во три наврати довел во заблуда лице, изнудувајќи му 5.400 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.