Лажни дојави за бомби во три трговски центра во Загреб

Matija Djanjesic/Cropix

Загрепската полиција во неделата вечерта утврдила дека била лажна дојавата за наводна експлозивна направа во три трговски центри во градот.

Полицијата околу 21 часот ги завршила постапките во врска со информациите за можни експлозивни направи во „Арена Центар“ и „Авенју Мол“ во Нов Центар, како и во трговскиот центар во улицата „Шпорикова“. Во сите три случаи не била потврдена веродостојноста на дојавата, соопштиле за агенцијата Hina од Полициската управа на хрватската престолнина.

Загрепската полиција ги примила известувањата за експлозивни направи во трите трговски центри околу 18.10 часот вечерта. Веднаш по известувањата била извршена евакуација. Помали стампедо имало во „Арена Центар“ но евакуацијата минала без поголеми проблеми.

Загрепската полиција продолжува со криминалистичката истрага во врска со лажните дојави, а засега не се шпекулира со евентуална поврзаност со масовните лажни дојави за поставени бомби во соседните Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.