Лажни се денешните дојави за бомби кои испразнија 18 училишта. Безбедносните проверки на полицијата се заршени. Учениците и претходните денови мораа да следат онлајн настава по лажните дојави.
Делумното враќање на онлајн-наставата предизвика бројни реакции во јавноста, а од Министерстовото за образование велат дека тоа сепак е најдобрата опција за да не изостане образовниот процес.
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска изјави дека очекува Владата во најбрз можен рок да ги дискутира новите проблеми кои произлегоа од дојавите за бомби, кои сега освен во средните, стигнуваат и во основните училишта. Тој рече дека нема да се избрзува со евентуална одлука за префрлање кон целосна настава онлајн на државно ниво.
Во однос на тоа дали ќе има последици за државната матура, Шаќири рече дека Државниот испитен центар ги презема сите чекори за таа да се организира успешно.