Лажниот преведувач, пред 10 години спалувал живи луѓе

Тамсанка Џантџије (34), лажниот преведувач со јазикот на глувонемите од комеморација на Нелсон Мандела, по инцидентот го спомена своето насилно минато, а сега призна дека учествувал и во спалување на живи луѓе.

Џантџије во интервјуата по бесмисленото мавтање со рацете на стадионот „Сокер сити“ во Јоханесбург се правдал дека боледува од шизофренија, па затоа халуцинрал додека Барак Обама, претседателот на САД држел говор.

Но приказната за тој човек, кој наводно е член на владејачката партија на Мандела, Афричкиот национален конгрес, тука не заврши.Се испостави дека школите за толкување на говорен јазик кои тој наводно ги завршил во Јужна Африка и Велика Британија, по се судејќи наводно не постојат!

Откриено е и дека во 2003 година бил дел од групата која на двајца луѓе кои биле начекани со украдени телевизори, им ставил автомобилски гуми околу врат и ги запалиле. Судот, во текот на процесот, по три години го прогласи за ментално неспособен за кривичниот процес, па Џантџије никогаш не се појавил во судница. Тој за овој злосторнички чин, зборуваше во интервју за јужно-африкански весник „Сандеј тајмс“

„Тоа е нешто што се случи во рамките на нашата заедница, нешто што би се нарекло правда и јас учествував во тоа,“ изјави Џантџије кој по злосторството беше испратен на психијатриско лекување.

Ваквиот начин на убиство инаку е користен за време  на апартхејдот за пресудување на Црнците кои се осомничени за соработка со белците и пресметките меѓу ривалските групи.

Начинот бил применуван во текот на 80-те и 90-те години од минатиот век во судирите меѓу племињата.