Лажна дојава за бомба во грчкиот Парламент

Непознато лице утрово во осум часот се јавило во информативниот портал „Зугла” и предупредило дека има поставено бомба „внатре и надвор од грчкиот Парламент”, но и дека „ќе има жртви”, јави дописничката на МИА од Атина.

Во анонимниот телефонски повик не бил даден конкретен временски период, како што обично е пракса во ваквите случаи.

Од порталот веднаш ја информирале полицијата, која откако го проверила просторот констатирала дека станува збор за лажна дојава.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.