Лажна е дојавата за бомба во авион на аеродромот во Белград, едно лице е уапсено

37

Uтринава непознатото лице се јавило на аеродромот „Никола Тесла“ во Блеград и рекло дека во авионот за Франкфурт е поставена бомба, а германската компанија „Луфтханза“ веднаш ги евакуира 130-те патници и петте членови на екипажот.

Сепак, припадници на српското Министерство за внатрешни работи, по спроведена контра-диверзантска проверка, утврдиле дека е лажно тврдењето за поставена бомба во авионот што утринава од Белград требало да полета за Франкфурт.

МВР интензивно работеле на идентификување на лицето кое утринава, околу шест часот, телефонски го повика аеродромот “Никола Тесла” и испрати лажна дојава за бомба.

Во авионот веднаш биле упатени сите расположливи полициски сили и припадници на контра-диверзантска екипа.

Во текот на истрагата, полицијата по налог на Третото основно јавно обвинителство го идентификува и уапси Жељко С. (58), поради сомневање дека телефонски јавил дека има бомба во авионот, односно дека сторил кривично дело за предизвикување паника и неред.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.