ЛАЖНА ТРЕВОГА: Не гори студенсткиот дом „Гоце Делчев“ (фото)

Не гори студенсткиот дом „Гоце Делчев“
Не гори студенсткиот дом „Гоце Делчев“

Не гори студенсткиот дом „Гоце Делчев“, како што претходно се појавија информации во дел од медиумите. Точно е дека има пожар во скопската населба Тафталиџе, но не гори студентскиот дом „Гоце Делчев“, туку сендвичарницата „Жан Мари“ која се наоѓа во непосредна близина на домот.

Дел од медиумите, претходно повикувајќи се на фотографии од читатели, објавија дека  гори соба на погорните спратови, а засега не се знае како избувнал пожарот.

Оваа информација ја демантираат од Министерството за образование и наука.

Не гори студенсткиот дом „Гоце Делчев“, изгоре сендвичарница во близина

Не гори студенсткиот дом „Гоце Делчев“. Чадот што се гледа на фотографиите објавени во дел од медиумите, е всушност од пожарот што утрово избувна во сендвичарницата „Жан Мари“ во Тафталиџе.

Не гори студенсткиот дом „Гоце Делчев“, изгоре сендвичарница во близина
Не гори студенсткиот дом „Гоце Делчев“, изгоре сендвичарница во близина, фото: Република

Противпожарните екипи го изгасија огнот во објектот кој се наоѓа кај пазарот во Тафталиџе, во непосредна близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Не гори студенсткиот дом „Гоце Делчев“, изгоре сендвичарница во близина, фото: Република
Не гори студенсткиот дом „Гоце Делчев“, изгоре сендвичарница во близина, фото: Република

Засега нема информации за причините поради кои избунал огнот.

Според првичните информации нема повредени лица, а причинета е само материјална штета.