Лажна вест било дека Филипче му понудил оставка на Заев

Во дел од медиумите попладнево се рашири информација дека министерот за здравство му понудил оставка на премиерот Заев.

Извори од министерството за здравство за НетПрес, ја демантираат оваа вест.

Лажна е информацијата дека мнистерот Филипче понудил оставка кај Заев, потврдуваат од министерството.

Како причини во веста за оставката е големиот број на жртви како последица на епидемијата со морбили.