Лазов: Плаши незнаењето на оваа влада, се повторува 2005-та кога килограм праска се продаваше за 3 денари

На панел дискусијата „ВМРО-ДПМНЕ го унапредуваше земјоделието, СДСМ го уназадува“, говореше и Стојанчо Лазов, градоначалникот на Општина Росоман, која произведува еден процент од вкупното производство на праски, кои во моментов поради негрижата на Владата се истураат по улиците.

„Од 2006 година наваму се отворија на 20 откупни пункта со фрижидири, калибратори, складишни материјали, тоа резултираше со извоз од 10 до 15 милиони килограми, согласно бербата, годината и квалитетот на родот. Но, за жал, ќе кажам дека ни се повторува 2005 година кога еден килограм праска се продаваше за 3 денари“, рече Лазов.

Додаде дека не само Росоман, туку и повеќето општини во регионот на Росаман се продава за помалку од 3 денари килограм, а реалната цена е 12-13 денари.

„Во најлошите години кога Владата на ВМРО-ДПМНЕ помогна со неколку мерки, откупот беше 7 или 8 денари, плус два дополнителни денари за откуп, со што доаѓаме до 10 денари. ВМРО-ДПМНЕ секогаш интервенирала кога имало богат род, сега кога нема над 50 проценти нас ни е чудно како не оди. Тоа најверојатно е поради погрешните политики на новата Влада“, констатираше Лазов.

Кажа дека поради замрзнувањето праските имаат дополнителен проблем и дека очекува Владата на СДСМ итно да помогне нешто. Дополни дека стравува оти поради незнаењето на оваа Влада во областа на земјоделието и го повика премиерот да сработи нешто, бидејќи праската не може да чека.