Лазовски ќе понесе одговорност, ако се утврди негова вина во сообраќајката

109

Во денешната сообраќајна незгода кај Градската болница учествувал заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, тој на својот фејбук профил напиша дека ќе сноси одговорност, доколку се утврди негова вина.

Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност, напиша Лазовски на Фејбук.

Сообраќајната незгода се случи денеска меѓу патничко возило и моторциклист. Повредениот моторциклист беше пренесен во Градската болница, а на местото на незгодата увид изврши полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.