ЛДП останува во Владата

Раководството на ЛДП, претседателот Горан Милевски, потпретседателите Моника Зајкова, Игор Велјановски и генералниот сектретар Боби Мојсоски, денес остварија работна средба со раковoдството на СДСМ, односно со новоименуваниот претседател Димитар Ковачевски, како и генералниот секретар Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев.

– На средбата ги договоривме програмски политики кои се важни за ЛДП во делот на економија, екологија и изборните реформи. Усвоени се нашите барања кои ќе ги афирмираат нашите либерални политики, а тоа се: заокружување на процесот на децентрализација, отворање на законот за локална самоуправа, воведување на моделот на една изборна единица, отворени листи за избор на советници, регулацијата на пазарот на криптовалути, измени во законите за градење и урбанистичко планирање со цел стопирање на урбаниот хаос во градските центри и ставање акцент на хуманото живеење и екологијата. Изградба на нова жичарница на Пелистер и развој на зимскиот туризам. ЛДП укажа дека не отстапува од заложбите на политиката на рамен данок и укинување на парафискалните давачки кои се неданочни обврски за граѓаните. Очекуваме тесна и успешна соработка и градење на политики во интерес на граѓаните во очекување на новиот мандатар на Владата, истакнаа по средбата од раководството на ЛДП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.