Лејди Гага најави нов албум за 29 мај

Американската пејачка Лејди Гага на Инстаграм соопшти дека на 29 мај ќе објави нови албум. Тој ќе биде насловен „Chromatica” и ќе има 16 песни.

Албумот бил планиран за порано, но Лејди Гага не сакала да го објави поради пандемијата на коронавирусот.

„Ова е доста страшно време за сите нас и додека бев уверена дека уметноста е најсилно нешто што ни овозможува радост и исцелување, сфатив оти едноставно не е в ред од моја страна да објавам нов албум во услови на светска пандемија… Но, патешествието продолжува“, напиша таа.