Лејди Гага објави фотографија без грам шминка

Фановите на Лејди Гага ретко имаат можност да ја видат пејачката во природно издание, без сценска шминка, па нејзината нова објава многу ги изненади.

Таа направи селфи на кое е без грам шминка, а пегите на нејзиното лице дојдоа до израз. Таа беше спортски облечена, а во описот на фотографијата напиша и убава порака.

Лејди Гага / Фото: Инстаграм

– Размислувам за целиот свет и испраќам љубов. Одам во круг и понекогаш размислувам за работите што сакам да ги кажам. Сакам да кажам дека ве сакам, им порача на нејзините фанови.