Лејен: Поради брегзитот во буџетот на ЕУ 75 милијарди евра помалку

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, го предупреди во средата во Европскиот парламент дека Унијата по излегувањето на Велика Британија се соочува со недостиг во буцетот за седмито сседумгодишен период, во износ од 75 милијарди евра, но не се откажува од амбициозниот фискален план.

Челничката на ЕК учествуваше во расправата на пленарната седнциа на Европскиот парламент во Стразбур за подготовка на вонредниот состаној на Европскиот совет на 20-ти февруари за повеќегодишната финансиска рамка (VFO).

„Како Унија на 27 земји, имаме помалку ресурси. Станува збор околу 75 милијарди евра помалку за седумгодишниот 2021 до 2027 година и иствовремено повеќе заеднички предизвици кои ниту една членка не може да ги реши самата…, а исто така очекувањата од VFO се поразлични од кога и да е порано“, рече фон дер Лејен.

На пратениците јасно им даде до знаење дека времето истекува, како и дека доколку „наскоро не го усвоиме буџетот, следната година нема да можеме да ги финансираме новите приоритети кои ги одредивме“. Според Лејен, крајно време е да се усогласи заеднички став, но и оти уште поважно е да се најде рамнотежа меѓу старите и новите приоритети.

Некои земји членки, продолжи Лејен, силно ја бранат кохезиската политика и заедничката политика во земјоделието, и тоа го прават со право, но таа истакна и дека очекува „иста доследност“ кога станува збор за одбраната на новите приоритети на ЕУ за посилна и одржлива Унија. Потсети дека сите три институции, Парламентот, Советот и Комисијата се согласни околу стратешката агенда Европа до 2059 година да стане првиот конитент кој ќе биде климатски неутрален.

„Мораме да се погрижиме и тие нови приоритети да го добијат вминанието коешто го заслужуваат“, рече фон дер Лејен и додаде дека буџетот на ново на ЕУ треба да може да вложува во иновации, вештачка интелигенција, да го решава прашањето на миграциите (…), но во прв ред дека е потребен буџет кој ќе овозможи да се дејствува врз климатските промени.

„Лично нема да прифатам никаков резултат кој нема да гарантира дека барем 25 отсто од буџетот се издвојува за борба против климатските промени“, порача челничката на ЕК. Притоа спомена и дека очекува „буџет кој ќе издвои нови средства потребни за механизмот за праведна транзиција“, бидејќи во спротивно „нема да успееме да постигнеме климатска неутралност“.

 

Јазот меѓу „штедливите“ и „кохезијците“

Додека Урсула фон дер Лејен призна дека преговорите за VFO нема да бидат лесни, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, соочен со доцниот почеток на преговорите и кусиот рок имајќи предвид дека сегашниот буџет е на сила до 31-ви декември, сака челниците на земјите членки да го договорат буџетот во еден обид.

Мишел ќе мора да менаџира меѓу земјите кои сакаат нивниот удел во буџетот на ЕУ да остане ист и покрај брегзитот и годишната дупка од речиси 11 милијарди евра, која во Брисел веќе ја нарекуваат „црна дупка“, и оние кои сметаат дека ЕУ мора повеќе да вложи во колективните политики, и аналитичарите кои очекуваат голема „мешаница“.

„Пријателите на кохезијата“, група од 16 земји членки од средна и источна Европа сакаат да се задржи досегашното издвојување за регионален развој и земјоделие, и дел од нив заговараат буџет од 1,135 билиони евра во цените од 2018 година, односно 1,11 отсто од бруто националниот приход, како што предлага ЕК.

Од друга страна „Таборот на штедливите“, односно земјите кои најмногу придонесуваат во буџетот на ЕУ, инсистира дека новиот фискален план, особено поради брегзитот, треба да изнесува еден отсто од бруто националниот приход. Европскиот парламент бара 1,3 отсто, а Советот засега нема став.

 

Жешка кампања на двата табора

Буџетот се полни со придонесите од државите членки, царините на производите надвор од ЕУ, како и казните за компаниите кои ги кршат правилата на пазарната конкурентност во Унијата. Парламентот предлага нови извори на проходи ни знова шема на данок на добивка, вклучително и оданочување на големите компании во дигиталниот сектор, проходите од трговијата со емисиите и данокот на пластика, со што би можело да се намалат директните удели на членките. Предлогот за буџетот го дава Европската комисија, за а негоа потоа преговараат Европскиот парламент, кој треба да ја даде својата согласност за предлоготр и Советот на ЕУ во кој е потребна едногласност на државите членки,.

Претседателот на Советот ја започна маратонската серија состаноци со челниците на земјите членки, при што двата главни кампуса – „штедливите“ и „кохезијците“ ги интензивираа своите кампањи на социјалните мрежи.

Така, португалскиот премиер Антонио Коста по состанокот со Мишел твиташе дека „сака буџет кој ги одразува европските амбиции и кој ни овозможува да одговориме на легитимните очекувања на граѓаните“. Од другата страна му возврати австрискиот канцелар Себастијан Курц со твитот „Мораме со парите на даночните обврзници да постапуваме штедливо и внимателно“.

На денешната дискусија во парламентот во Стразбур, Манфред Вебер, челникот на Европската народна партија (ЕРР), му забележа на Мишел зашто не се појави во парламентот. „Ќе беше добро доколку Шарл Мишел денеска е тука со нас. Ќе беше добро да слушнете“, го прекори Вебер тврдејќи дека е потребен „поамбициозен пристап за буџетот, а на најмалиот заеднички именител“.

Шпанската пратеничка Иратке Гарсија Перез, која е шеф на пратеничката група на социјалистите, се надоврза и рече дека „можеби и не изненадува тоа што Мишел не е тука“. „Можеби не би имал многу да каже, но можеше многу да чуе“, рече Перез.

Филип Ламбертс, од Зелентие, на Мишел му порача дека пратетниците само чекаат да стават вето на кој и да е предлог на буџетот, доколку не се исполнат нивните барања. „Буџетот се усвојува, дури откако ќе ги прифатат двете институции“, рече Ламбертс.

Пратеничка на италијанската десна партија Лига, Мара Биѕото, луто ѝ порача на фон дер Лејен дека на Италијанците веќе им е „мака од ЕУ“. „На Италијанците им е мака што секоја година од џебовите извлекуваат милиони евра. Тоа е срамно, а сега можеме да учекуваме и уште полошо“, рече Биѕото.