Le Figaro: НАТО се увежбува за војна против Русија на Балтикот

Les 17 et 18 janvier 2022, le Sous-groupement tactique interarmes (SGTIA)

Дописникот на францускиот весник Le Figaro, Николас Баро, објави репортажа од воените маневри на НАТО на Балтикот, каде што западниот воен сојуз го засилува военото присуство увежбувајќи се за „воен конлфикот“ со Русија во овојо регион.

Во маневрите се вклучени француски и британски тенкови, оклопни возила, борбени пешадиски возија, протевтенковски системи и ракети. Во напист се забележува дека Русија ги осудув воените вежби во регионот, додека НАТО сѐ поретко се труди да ја убеди Москва во одбранбените цело на Алијансата.

Во Естонија се стационирани во моментов околку илјада војници од Франција и од Велика Британија, а особено се нагласува дека Обединетот Кралство е посебно активно во овој процес. Во март наместо британските сили, во ротацијата ќе бидат распоредени дански единици кои ќе бидат засилени со фрегата.

Дел од вежбите се одржуваат во Латвија, каде што силите на НАТО се стационирани во военото гратле Адаз. Балтичките земји соработуваат по прашањата во одбраната, се додава во написот.

„Во оваа огромна област, исто така, може да се врши обука и увежбување на тенковска стрелба со боева муниција, а во Европа едноставно нема такви ‘природни’ полигони за обука“, додава авторот.

Една од целите на маневрите на Балтикот е да се провери „интероперабилноста“ на армиите на земјите членки на НАТО. Истовремено, се забележува дека се појавиле повеќе проблеми, од јазичната бариера до различните нивоа на обученост на вооружените сили на земјите членки.

Во Латвија се распоредени сили на десет земји под команда на Канаѓаните, а во Литванија „рамковна нација“ се Германците а покрај нив таму се стационирани единици на уште шест земји. Во Полска со силите на Алијансата командуваат Американците, а таму покрај нивни има и британски, романски и хрватски војски.

„Овие четири групи (во Естонија, Латвија, Литванија и Полска), на ‘засилено напредно присуство’, се формирани за да ги смират и заштитат балтичките земји“ од руската закана, појаснува авторот.

Задачата на овие единици е да задржат непријателска офанзива додека НАТО не го подготви воениот одговор. Во написот се забележува дека последните години, Алијансата го зголемила своето присуство во регионот и, најверојатно, процесот ќе продолжи и следната година.

Покрај тоа, написот обраќа внимание на постоењето големи руски заедници на Балтикот, и наведува дека во некои од овие земји тие сочинуваат четвртина од вкупното население. Тие не претендираат на посебен идентитет, но во секој случај сѐ уште се под будното внимание на тамошните разузнавачки служби, истакнува авторот.