Лејкерс ја имаат една од најстарите екипи во историјата на НБА лигата

Лос Анџелес Лејкерс минатата сезона беа елиминирани уште во почетната фаза од плеј-офот од актуелниот вицешампион Феникс Санс, а годинава имаат намера да ја освојат титулата на која последен пат ѝ се радуваа во 2020 година,

Притоа, Лејкерс го засилуваа тимот, но главно тоа се многу искусни, односно стари играчи.

Интересно е што Лејкерс сега не само што го имаат моментално најстариот тим во лигата, туку актуелниот играчки кадар е еден од најстарите во историјата на лигата. Имено, меѓу дванаесетте највозрасни кошаркари во моментов во НБА, половината од нив играат за Лејкерс.

Најстари играчи во НБА:

Удонис Хаслем (Мајами Хитс) – 41 година
Андре Игудала (Голден Стејт Вориорс) – 37 години
Кармело Ентони (Лос Анџелес Лејкерс) – 37 години
Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс) – 36 години
Марк Гасол (Лос Анџелес Лејкерс) – 36 години
Пол Милсап (слободен играч) – 36 години
ПиЏеј Такер (Мајами Хитс) – 36 години
Крис Пол (Феникс Санс) – 36 години
Таџ Гибсон (Њујорк  Никс) – 36 години
Тревор Ариза (Лос Анџелес Лејкерс) – 36 години
Двајт Хауард (Лос Анџелес Лејкерс) -35 години
Ражон Рондо (Лос Анџелес Лејкерс) – 35 години