Лејкерс ја освоија 17-та титула во НБА

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ноќта кон понеделникот ја освоија 17-та титула во НВА Лигата, откако во шестиот дуел од финалната серија во „балонот“ во Орландо со 106:93 ги совладаа Мајами Хитс и славеа со вкупни 4-2 во победи.

Леброн Џејмс го освои својот четврти НБА шампионски прстен постигнувајќи 28 коша со 14 скокови и 10 асистенции. Стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој е прогласен за играч на финалето со три различни клуба и сега има четири такви титули, а пред него е само уште Мајкл Џордан со шест титули МВП (најкорисен играч) во финалната серија. Минатата година кога во Лос Анџелес дојде од Кливленд, Џејмс на навивачите, кои шест сезони со ред остануваа без доигрување, им вети дека тоа ќе го промени.

„Тоа што мислам дека морам нешто да докажам е она што ме тера напред“, изјави Џејмс по својот рекорден 260-ти натпревар во финалните серии.

Со Ентони Дејвис, Џејсм ги одведе Лејкерс до првото место во Западната конференција во својата втора сезона во Лос Анџелес. Тимот во завршницата имаше сооднос меѓу победите и поразите од 16-5.

Годинава, освен пандемијата на коронавирусот која предизвика повеќемесечен прекин на сезоната и продолжување во заштитениот „балон“ во Орландо, за Лејкерс беше одбележана и со трагичното загинување на нивната поранешна ѕвезда Коби Брајант кој во јануари загина во пад на хеликоптер заедно со неговата ќерка, младата кошаркарка во подем Џана.

„Од трагедијата, сите сакавме да го сториме ова за него“, рече Дејвис кој мечот го заврши со 19 поени и 15 скокови.

Реџон Рондон, исто така, постигна 19 коша за Лејкерс кои сега се израмнија со Бостон Селтикс по бројот освоени титули, а ова е прва нивна по 2010 година. Кентавиус Колдвел-Поуп додаде 17 коша.

Кај Мајами најдобр беше Бам Адебајо со 25 коша и 10 скоковои, додека Џими Батлер и Џае Кроудер постигнаа по 12 поени. Горан Драгич се врати на теренот откако пропушти четири натпревари поради повреда на стапалото заработена на првиот финален дуел, но не беше доволно Хитс да се изборат за седмиот решавачки меч.

Лејкерс во шестиот натпрвар ниту еднаш не беа во резултатско заостанување, а во втората четвртина ги надиграа Хитс со 36:16. Благодарејќи на серијата од 13:0 во втората четвртина Лејкерси дојдоа на 30 разлиак (64:34) на 49,6 секунди до крајот на полувремето. На полувремето предноста изнесуваше 28 поени.

Одморот не ја забави играта на Лејкерс кои пред крајот на третата четвртина имаа предност од 36 коша, а тој дел од натпреварот го завршија со 87:58. При резултат 103:86, на минута и половина до крајот, Џејмс и Дејвис дојдоа до клупата и започнаа да слават со соиграчите.

„Не го остваривме резултатот што го посакувавме, но ова ќе бидат доживотни сеќавања коишто ќе ги споделуваме“, изјави тренерот на Мајами, Ерик Споелстра.