Лејкерс до втората победа без Џејмс и Дејвис

Актуелните прваци на НБА Лигата, кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја остварија втората последователна победа без повредените Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, совладувајќи ги на свој терен Орландо Меџикс, а Феникс Санс се зацврстија на второто место во Западната конференција со гостинската победа над Шарлот Хорнетс.

Лејкерс беа подобри од Меџикс со 96:93, во израмнетиот натпревар во кој пресуди последната топка, односно промашувањето за „тројка“ на Ото Портер за продолженија со звукот на сирената.

Кај Лејкерс најдори беа Денис Шредер со 24 коша, Кајл Кузма со 21 поен и 11 скокови, како и Монтрезл Харел со 18 погодоци и 11 скокови, додека кај Меџикс најдобар беше Двејн Бејкон со 26 коша.

Лејкерси се четврти во Западната конференција со сооднос на победи и порази од 30-17, додека Меџикс се претпоследни 14-ти во Источната конференција со соонос 14-31.

 

Кошркарите на Феникс Санс со 101:97 победија кај Шарлот Хорнетс по продолженијата. По израмнетото прво полувреме, Санс третата четвртина ја отворија со серија 11:0 и беа во предност речиси целото второ полувреме. На почетокот од четвртата делница стасаа и до највисоката предност од 16 разлика (83:67), но по кошот на Девин Букер за 90:82 на 3,20 минути пред крајот во пследната четвртина застанаа во нападот и не постигнаа ниту еден поен. Хорнетс тоа го искористија и израмнија на 90:90, а со звукот на сирената имаа и шут за победа, но Девонте Грахам промаши обид за „тројка“.

Во дополнителни пет минути повторни Санс ја преземаа контролата на резултатот, на 8 секунди до крајот имаа водство 99:97 и топка но Џа Кроудер со погрешно додавање им даде нова шанса на домашните. Сепак, во жестоката борба за топката, таа на крајот стаса кај искусниот Крис Пол кој беше запрен со прекршок на 3 секунди до крајот. Пол потоа ги реализираше двете слободи фрлања за победа на Санс.

Најдобар кај Санс беше Букер со 35 коша, Пол додаде 16 а Деандре Ејтон 14 поени со 14 скокови. Кај Хорнетс се истакна Грахам со 30 поени, Тери Розиер се запре на 22 поени со 10 асистенции, додека актрактивниот Мајлс Бриџес од клупата додаде 18 поени и 12 скокови.

Санс се втори на Западот со сооднос 31:14, додека Хорнетс се петти на Истокот со 23-22.

 

Интересен натпревар беше одигран и во Тампа, каде што Торонто Репторс беа домажини на Портланд Трејл Блејзерс, а госттие на крајот победија со 122:117.

До 28-та победа сезонава Блејзерс ги водеа Си Џеј Меккалум со 23 поени и Демиен Лилард со 22 коша и 11 асистенции, додека на Репторс не им беа доволни ниту 26-те коша на Паскал Сиекам и 20-те на Фред Фанвлет.

 

Најубедливата победа ноќта кон понеделникот ја остварија Денвер Нагетс кои како домажини со 126:102 ги совладаа Атланта Хоукс. Замал Мареј со 23 коша и Никола Јокиќ со 20 поени и 10 скокови беа најдобри кај Нагетс, а Три Јанг со 21 кош ги предводеше Хоукс.

Нагетс и Блејзерс се израмнети на петтото место на Западот со сооднос 28-18, додека Хоукс се шести на Истокот со 23-23, а Рапторс се дури 11-ти на Истокот со 18-28.

 

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Феникс 97:101 (продолженија)
Денвер – Атланта 126:102
Торонто – Портланд 117:122
ЛА Лејкерс – Орландо 96:93

 

ТАБЕЛИ

Источна конференција

Филаделфија 46 32 14 69,6
Бруклин 46 31 15 67.4
Милвоки 45 29 16 64.4
Њујорк 46 24 22 52.2
Шарлот 45 23 22 51.1
Атланта 46 23 23 50.0
Бостон 46 23 23 50.0
Мајами 46 22 24 47,8
Индијана 44 21 23 47,7
Чикаго 44 19 25 43.2
Торонто 46 18 28 39.1
Кливленд 46 17 29 37.0
Вашингтон 44 16 28 36.4
Орландо 46 15 31 32,6
Детроит 45 12 33 26.7

 

Западна конференција

Јута 45 34 11 75,6
Феникс 45 31 14 68,9
ЛА Клиперс 47 31 16 66.0
ЛА Лејкерс 47 30 17 63,8
Денвер 46 28 18 60,9
Портланд 46 28 18 60,9
Сан Антонио 43 23 20 53.5
Далас 44 23 21 52.3
Мемфис 43 21 22 48.8
Голден Стејт 46 22 24 47,8
Сакраменто 46 21 25 45,7
Њу Орлеанс 45 20 25 44.4
Оклахома Сити 45 19 26 42.2
Хјустон 45 13 32 28,9
Минесота 46 11 35 23,9